Реклама

Ако нема свадби, ќе ги бојкотираме изборите

Protest muzicari Stip

Музучари од Штип, Струмица, Радовиш и Берово се собраа на протест во Штип. Под мотото „Музика сега“ бараат Комисијата за заразни болести да направи протоколи за организрање на поголеми свадби и други музички настани.

Zito akcija 640x289px

Подршка им дадоа и  вработените од  другите мали бизниси поврзани со свадбената индустрија, цвеќарници, сниматели, аранжери.  Несфатливо им е како се отвараат границите, се отвараат ресторани, кладилници и казина, а тие неколку месеци се оставени без никакви приходи, а нема изгледи и дека во наредниот период состојбата ќе се подобри.

Agria

“Како еден музичар претставува поголема опасност за здравјето на гостите од келнер, во истиот ресторант. Кога музичарите и во нормални услови поставени се во посебен дел од објектот, а келнерот е во дирекна комуникација со гостинот.” Изјави Јорданчо Тонев музичар.

“Ако не дозволуваат , како што дозволија во кафулињата, во конфекциите со 300 работници, и ако мислат дека за гласање нема корона, а само за музичарите има, тогаш ние музичарите од цела Македонија нема да гласаме.” Изјави Неџо Кинг музичар.

Протестот на музичарите доаѓа откако  беше објавен новиот протокол за работа на угостителските објекти со кои им се дозволува работа и во затворените делови, но повторно нема место за музика.

Реагираат и еснафските комори бидејќи сметаат дека е побезбедно прослави да се организираат во угостителските објекти со запазување на протоколите отколку веселбите да се преселат по домовите што може да биде уште поголема опасност од ширење на корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7303/foto-objavena-listata-na-138-imina-koi-odbile-da-primat-reshenie-za-samoizolaczija/