Во Словенија во последните 24 часа биле тестирани 878 лица од Ковид 19, а позитивни се 14 од нив.
Ваков голем дневен скок на нови заразени не е забележан од 24 април, кога имало 15, јавуваат словенечките медиуми.
Со овие нови случаи , бројот на активно заразени се зголеми на 80, а бројот на позитивни на вирусот од почетокот на епидемијата достигна 1572.
Во моментот осум лица се лекуваат во болницата, од кои еден е на интензивна нега. Нема нови смртни случаи, така што бројот на починати од коронавирусот останува 111.
Можеби ќе ве интересира: