Автомобил падна во Охридското езеро и потона, па мораше да биде изваден со брод и сајли, но и булдожер.
Автомобилот марка „Тојота“ бил паркиран на карпест предел во близина на плажата „Горица“. Автомобилот со охридски таблици е паднат меѓу комплексот вили и плажата „Горица 3“.
Видео од вадањето е објавено на фејсбук денеска. Од Министерството за внатрешни работи велат дека засега не е познато како дошло до несреќата, но потенцираат дека во возилото немало никој.
Можеби ќе ве интересира: