Александар Вучиќ, претседателот на Србија е во добра здравствена состојба, велат од неговиот кабинет, откато во јавноста беше објавено дека позитивни на Ковид – 19 се собранискиот спикер Маја Гојковиќ, министерот за одбрана Александар Вулин и директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓурич.
Гојковиќ и Гуриќ веќе се хоспитализирани но здравствените власти велат дека и покрај запалението на белите дробови тие добро се чувствуваат. Александар Вучиќ би можел во понеделник да предложи повторно заострување на мерките.
Во текот на вчерашниот ден, кај нашиот сосед се потврдени 227 нови случаи на Ковид-19, а починале две лица, вклучувајќи ја фудбалската легенда Илија Петковиќ, кој беше и селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора.
„Се размислува што понатаму. Вучиќ е подготвен да предложи заострување на мерките. Доколку коронавирусот наскоро не биде ставен под контрола, Вучиќ е подготвен на Кризниот штаб да му предложи повторно воведување на некои од најстрогите мерки“, изјави извори од Кризниот штаб за весникот „Блиц“.
Дали мерките повторно ќе бидат воведени, пресудни ќе бидат бројките од овој викенд.
Можеби ќе ве имнтересира: