Дури 172 случаи на коронавирус вчера беа регистрирани во Босна и Херцеговина. Ова е втор ден по ред земјата да забележи рекорден број случаи од почетокот на пандемијата во март годинава.
Како и да е, ова не ги спречи многу граѓани на БиХ, да се соберат на плажите во Неум.
Според извештаите на медиумите од БиХ, бројот на туристи во Неум е многу голем, а се регистрираат се повеќе резервации за сместување.
Од она што може да се види на снимките од Неум е дека луѓето не се придржуваат кон мерките на социјална далечина.
Можеби ќе ве интересира: