Синдикатот до полицајците: Професионалци сте, не се ставајте во функција на партиите

Policija stroj naslovna
Policija stroj

Македонскиот полициски синдикат ги повика полицајците професионално да ги ги извршуваат своите задачи за време на претстојните парламентарни избори и да се не ставаат во функција на политичките партии.

Zito akcija 640x289px

„Сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива која што го уредува спроведувањето на изборниот процес. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии.

Agria

Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија,затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите.

Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби со ‘нарачани мизерни соопштенија презентирани од презентери со растреперен глас и растреперни раце’ бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време“, порачуваат од Македонскиот полициски синдикат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: