понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

(ВИДЕО) Коциќ: СДСМ го гледа невладиниот сектор како многу битен фактор за државата!

Kocik so NVO sektorot

Невладиниот сектор за СДСМ отсекогаш претставувал многу битен сектор во државата, изјави Ненад Коциќ, кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, кој, заедно со кандидатка за пратеничка Даниела Стојановска Пановска, во рамките на своите предизборни активности, се сретнаа со претставниците на невладините организации од Велес.

Zito akcija 640x289px

„Со започнувањето на преговорите со ЕУ и отворањето на пристапните фондови, ќе се реализираат многу поквалитетни проекти и преку нив ќе се донесат многу повеќе пари во земјава, со кои нашите невладини организации ќе функционираат правилно и квалитетно“, рече Коциќ.

Agria

Тој потсети дека со влезот во ЕУ, на Македонија и се отвора пазар од 4 милијарди евра, а невладините организации ќе бидат оние, кои треба преку квалитетни проекти, да реализираат дел од овие пари.

„СДСМ се грижи подеднакво за сите невладини организации. За разлика од нас, ДПМНЕ вршеше репресија врз организациите, ги делеше на ‘наши и ваши’ или на ‘пожелни и непожелни’ и им ставаше различни епитети“, рече Коциќ.

На средбата присуствуваа претставници на неколку невладини организации, кои на кандидатите за пратеници од Велес од СДСМ и коалицијата „Можеме“ им ги пренесоа очекувањата од идната власт во земјата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7427/pet-novi-sluchai-vo-veles-176-vo-czelata-drzhava/