Комисијата за заразни болести утре ќе решава дали ќе има жива музика во угостителските објекти

Protest muzicari Stip

Околу 20 илјади музички работници зависат од одлуката на надлежните дали ќе се дозволи жива музика во угостителските објекти.

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи дали тие ќе можат да работат. Со моменталниот правилник за работа во угостителските објекти се забранува организирање на музички настани и во отворениот и во затворениот дел од објектот.

Agria

Од минатата недела на угостителите им е дозволено да служат гости и во внатрешните делови. Со оваа одлука оние кои немаа летни тераси, почнаа со работа. Како надвор така и во внатрешниот дел масите мора да се на растојание од два метри и на секоја да има дезинфекциско средство. На една маса може да седат две лица, четири само ако се од иста фамилија. Персоналот мора постојано да носи заштитна маска.

Угостителите сеуште чекаат да добијат и протокол за организирање на свадби и други групни прослави.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: