До полициска станица во Кочани пристигна пријава дека непознато машко лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна старица во нејзината куќа. Настанот се случил околу полноќ при што непознатиот сторител физички ја нападнал старицата и ѝ одзел материјални средства.
На старицата и бил направен преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител.
На настанот бил извршен увид од екипа на полициската станица во Кочани.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: