Две лица кои беа позитивни на ковид 19 починаа вчера во Црна Гора. Тие се првите жртви на вториот бран на пандемијата на коронавирус во земјата, што започна пред две недели.
Во моментов, позитивни на вирусот се 157 лица во Црна Гора.
Вирусот се појави во Црна Гора кон средината на јуни, откако скоро месец и половина немаше пријавени случаи, а го донесоа црногорските граѓани кои беа на натпреварот помеѓу Партизан и Црвена звезда во Белград една недела порано, на кои присуствуваа 25.000 навивачи.
На 1-ви јуни Црна Гора одлучи да ги отвори своите граници со сите земји во кои имаше 25 активни случаи на 100 000 жители.
Поврзани вести: