Реклама

Кожувчанка лансира нова производствена линија за лименки

Кожувчанка е компанија која секогаш е во чекор со светските трендови, пласирајќи ги новитетите на македонскиот пазар.

Zito akcija 640x289px

Нивната следна инвестиција е имплементација на комплетно нова производствена линија по најсовремена технологија за производство на лименки, на која ќе се произведуваат сите нивни брендови, со исклучок на водите, па веќе од месец јули ќе може да се најдат на пазарот.

Agria

Оваа година компанијата може да се пофали со следните новитети за која што инвестиција се издвоени 715 000 евра. Sinalco газираните пијалаци од ова лето ќе може да се консумираат и во лименка. Кожувчанка се одлучи на овој потег сè со цел да ги задоволи потребите и барањата на своите потрошувачи, а потрошувачи на газираните пијалаци Sinalco се во сè поголем број.

Sinalco Ice tea исто така сега е во нова амбалажа – лименка и негазираните природни густи сокови од палетата на Sinetta, додека и понатаму останува со производство и енергетскиот пијалак Energi’s. Со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco која што ќе има производство на Ice Tea и Sinetta во лименка, факт на кој што сме особено горди. Новитет исто и за љубителите на алкохолните пијалаци поточно пивото сега ќе имаат можност да го консумираат новото непастеризирано, ладно филтрирано Lifer Beer во лименка , како и Наше Македонско Светло пиво.

Кожувчанка се труди и работи, најавува новитети и поставува стандарди на нашиот пазар грижејќи се секогаш за своите потрошувачи и нивните потреби.