Реклама

(ВИДЕО) Заев од Велес: Ќе ги ослободиме од секакви давачки сите новоформирани фирми!

Tribina SDSM 1

Овие избори или ќе не вратат назад или ќе не поддржат во исправниот пат, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва од трибината во Велес, на која беше претставена програмата и кандидатите за пратеници од листата во третата изборна единица. За кандидатот од Велес Ненад Коциќ, императив во следните четири години е задржување на младите во земјата, преку низа економски мерки насочени кон нив. Коциќ потсети на проектите, кои во претходните три години се реализирани во Велес и најави нови.

Zito akcija 640x289px

„Набрзо ќе почне изградбата на водоводот за селата Бузалково и Раштани, катната гаража, затворениот градски пазар, најавуваме гасификација на Велес, реконструкција на мостот кај Башино село и изградба на нов мост од Речани кон градот“, рече Коциќ.

Agria

За носителот на листата во третата изборна единица Љупчо Николовски, Македонија денеска е исправена земја, бидејќи времето на свиткани `рбети одамна е завршено. Тој потсети на проектите реализирани во истокот и најави нови 24 милиони евра за хидросистемот Лисиче, со кои ќе се заокружи целиот капитален проект. Николовски рече дека сега источниот дел на Македонија е регион со најмногу вложувања.

„Денес гледаме дека нема регионален пат кој што не е обновен во овие две и пол години во истокот, од Берово до Чашка, од Крива Паланка до Лозово низ сите овие 22 општини, сето она што ни беше обврска, е направено. Градиме, поврзуваме и тоа е добро за да го поврземе истокот и со останатите региони, но и да биде поврзан со останатите земји од регионот“, рече Николовски.

Потсетувајќи дека денеска Македонија, нејзиниот народ и јазик се признати од целиот свет, лидерот Заев вети дека во следниот мандат ќе продолжи враќањето на парите кај граѓаните. Ако за само две и пол години минималната плата ја зголемивме за 60 проценти, во следните четири ќе ја зголемиме за уште толку, со што таа ќе изнесува 20 илјади, а просечната плата 34 илјади денари, рече Заев. Најавувајќи нови инвестиции кон граѓаните, Заев рече дека помош ќе имаат и стартап компаниите, водени од млади луѓе.

„Сите оние кои што ќе основаат своја компанија, што ќе основаат свој бизнис, на сите, се додека не направат годишен промет од три милиони денари, целосно ќе ги ослободиме од даноци, од данок на добивка, од персонален данок на доход, од ДДВ, од придонеси комплетно, само да ги поттикнеме младите да станат сами свои газди. Доста е барање работа по јавната администрација за 17 илјади денари, а секаде во приватниот сектор имате плати по 25 илјади денари. Ова не е во ред. И да, ветив, 20 проценти од јавната администрација ќе ја отпуштиме. Да, и најмалку 20 посто од судиите и обвинителите ќе ги отпуштиме. Сите кои што не се професионалци, кои што се огрешиле од законот, при проверка на имотната состојба , при ревизија на нивните предмети, ќе им се заблагодариме“, рече Заев.

Трибината се одржа во Амфитеатарот во Младинскиот парк, со ограничен број посетители, поради епидемијата од коронавирусот и мерките за заштита од негово ширење.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7561/video-nikolovski-za-samo-dve-i-pol-godini-pomestivme-planini-taka-ke-prodolzhime/