Реклама

(ВИДЕО) Николовски: За само две и пол години поместивме планини, така ќе продолжиме!

Ljupco Nikolovski

`Рбетот на македноскиот народ беше свиткан во едно друго време, на таканаречени инспекции, на правење списоци, притисооци, на безобразно крадење на бизнисите и време на угнетување на работникот, рече на денешната прес конференција Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„За само две и пол години, не е ни цел мандат, го променивме ова, поместивме планини. Членки сме на најголемиот безбедносен сојуз, на НАТО алијанската, државата ни е безбедна и сигурна. Исполнет е вековниот сон на Македонците да имаат сигурна земја. Никогаш претходно тоа не беше случај. Преговараме со Европската унија, отворивме граници и врати, кои отсекогаш биле затворени“, рече Николовски, кој денеска беше во посета на Велес.

Soopstenie 10.07.2020

Николовски рече дека кога ВМРО ДПМНЕ зборувала за корупција, непотизам, уцени и притисоци од власта, всушност ги заменила тезите. Тој потсети дека неговиот политички опонент, носителот на листата во третата изборна единица Игор Јанушев бил човек со многу обвиненија за криминал и корупција, а дека како функционер во претходната власт, си го вработил целото семејство.

Николовски ја најави вечерашната трибина од Велес, на која покрај него, ќе се обрати и кандидатот за пратеник од Велес Ненад Коциќ, а на крајот говор ќе одржи и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Трибината почнува во 19 часот и ќе се одржи во Амфитеатарот во Младинскиот парк, но поради строгите протоколи за заштита од коронавирусот, бројот на посетители ќе биде ограничен на педесеттина. Николовски ги повика граѓаните да ја проследат трибината во живо, преку социјалните мрежи Фејсбук и YouTube.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами