Реклама

Втор медиумски работник ја загуби битката со коронавирусот

Shenol-ahmeti

Шенол Ахмети долгогодишниот снимател во албанската редакција синоќа ја загуби битката со коронавирусот. Ахмети се заразил со вирусот последнава недела, а за само неколку дена му се влошила состојбата и завршил на респиратор, каде што синоќа почина.

Zito akcija 640x289px

Неговите колеги се збогуваат на социјалните мрежи со човекот, кој целата своја кариера ја посвети во МРТВ, каде што работеше преку 20 години.

Agria

Тој имаше 51 година, а неговите колеги велат дека претходно немал никакви здравствени проблеми. Тој е вториот медиумски работник кој што ја загуби битката со вирусот.

Пред речиси еден месец Беким Бајрамовски од локалната телевизија „Спектра“ од село Лабуништа почина од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира: