Авионите од денеска повторно полетуваат и слетуваат на аеродромите во Скопје и Охрид

Aerodrom Skop
Aerodrom Skop

По пауза од речиси три и пол месеци, денеска скопскиот и охридскиот аеродром се официјално отворени за патувања. Пред една недела Владата донесе одлука за протоколи и правила по кои ќе се реализираат патувањата од двата македонски ареродроми.

Zito akcija 640x289px

Според распоредот на летови кој го објави операторот, први полетувања од скопскиот ареродром се до Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а се очекува да слетаат два авиони од Истанбул.

Agria

Патниците мораат да пристигнат на аеродромите најмалку три часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на влезот во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание.

Пред влегување секој патник ќе треба да стави заштитна маска, да ја покаже авионската карта во печатена форма или на телефон, да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на влезот од зградата.

По соодветната дезинфекција на обувките и рацете, на сите патници на влезовите во терминалните згради на двата аеродроми, ќе им биде проверена телесната температура, преку термалните камери. По скенирањето со термалната камера, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација.

Сомнителните патници, потенцијално позитивни на Ковид-19, ќе ги преземаат екипите на Центарот за јавно здравје. Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот.

Во аеродромската зграда можат да влезат само лицата кои патуваат, а нивните семејства и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат, ќе останат надвор од зградата.

Поради епидемијата од коронавирус, меѓународниот аеродром во Скопје беше затворен на 19 март, додека охридскиот го затвори терминалот три дена порано.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: