Реклама

Велешанец се бори за живот откако утрово го удри камион во „Тунелот“

Policija lenta

Велешанец на возраст од 56 години се бори за живот, откако утрово беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во населба Тунел.

Zito akcija 640x289px

Велешанецот се движел со мотор, кога во близина на игралиштето во населбата, според очевидци, паднал, а на него налетал камион, кој го прегазил. Повредениот веднаш е префрлен во велешката болница.

Agria

„Утрово околу 7 часот е донесен пациент на 56 годишна возраст со тешки телесни повреди. Тој е интубиран, реанимиран и во коматозна состојба, околу 8 часот е транспортиран на скопските клиники“, рече Весна Николовска Неделкова, портпарол на СВР Велес.

Полицијата направи увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7607/412-kazni-izdadeni-od-mvr-za-nenosene-maski/