понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

На инфективно веќе нема слободен кревет

Infektivno Stip

Инфективно во Штип исполнето до последен кревет. Се лекуваат 35 пациенти. Освен еден сомнителен случај сите се  со потврден корона вирус. Седум се со потешка клиничка слика и повремена кислородна подршка.

Zito akcija 640x289px

Од Клиничката болница велат дека нема место за паника. Известени се лекарите од неврологија ако има потреба за преселба на нивните  пациенти, со што ќе се добијат дополнителни 15 кревети. 

Agria

“Ситуацијата е сепак под контрола, и доколку има потреба ќе се вклучат неколку кревети кои секогаш се на располагање на инфективното одделение. Информирани се вработените на нервологија, доколку има потреба да се ослободат и простории од тоа одделение.” Изјави портпаролот на Штипска клиничка болница Марина Шуманска.

Отако корона вирусот влезе во текстилните фабрики, бројот на новозаразени континуирано расте од крајот на Мај. Евидентиран е и првиот случај на заразен во штипскиот затвор. Работел на набљудувачница, па немал контакти со осуденици, но петмина негови колеги се во изолација. Директорот вели дека нема опасност за осудениците, се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни средства за дезинфекција. 

“Во нашата установа имаме контролирано влегување, и со задолжително мерење на телесната температура, задолжителна дезинфекција на сите вработени и осудени лица, како и дезинфекција на сите простории во установата.” Изјави Директорот на затвор Штип Мики Тодоров.

Во моментот во Штип активни се 160 случаи.  Добра вест е дека последниве три дена има 59 оздравени пациенти.

Освен во Штип фабрички кластери се појавија и во Свети Николе. Според градоначалникот на оваа општина, најголем дел од заразените со вирусот очекуваат втор негативен тест, а состојбата внимателно се следи во текстилната фабрика каде има двајца заболени, а се следат и контактите на поштар од Лозово, кој на работа одел до средината на минатата недела.

Можеби ќе ве интересира: