понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија

Makedonija-EU

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што вчера ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти, дознава „360 степени“. Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.

Zito akcija 640x289px

Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознава „360 степени“, во Предлог-преговарачката рамка.

Agria

Како што веќе известивме, предлог-рамката сега оди на разгледување кај земјите членки на ЕУ, кои треба да се усогласат за финалниот текст.

Пасусот во кој се наведува дека заедничкото европско право треба да се преведе на јазикот на идната земја членка е стандарден елемент во преговарачките рамки за сите држави кандидатки што во моментов преговараат или веќе станале дел од ЕУ.

Прашањето за македонскиот јазик беше формално затворено со Договорот од Преспа, како клучна идентитетска одредница за етничките Македонци од Северна Македонија.

Извор: 360stepeni.mk

Можеби ќе ве интересира: