понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

Исплатата за мој ДДВ ќе се врши во август

moj_ddv_scan

Второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица се заокружи на 30 јуни. Повратот на 15 посто од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година.

Zito akcija 640x289px

Како што соопшти Управата за јавни приходи (УЈП), во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ,  а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.

Agria

УЈП апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале, односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира: