Реклама

Јанушев: Во новата влада 40 отсто ќе бидат жени

Janusev Sveti Nikole

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев денеска соопшти дека 40 отсто од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени.

Zito akcija 640x289px

„Она што сакам да го соопштам, а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жени, она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните четири години предводејќи ја владата да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени“, изјави Јанушев во Свети Николе, каде има средба со граѓаните.

Agria

Посебен акцент, како што рече, ќе ставиме на семејното насилство, односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството.

„Ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец, кое што е многу сериозно прашање особено во Свети Николе и светиниколско бидејќи земјоделството е една од главните гранки од што живее овој наш трудољубив народ“, рече Јанушев и потсети и на поддршката во спортот.

Извор: libertas.mk

Можеби же ве интересира: