понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

Oбјавени протоколите за спортски натпревари, музеи, галерии, за промотивни настани, и за меѓуградски превоз

Објавени се Протоколи за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница, измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и Протоколот за работа на галерии, музеи, галерии и простори, пишува на на веб страницата на Владата https://vlada.mk/protokoli-koronavirus

Zito akcija 640x289px

Во соопштенитето на владината прес служба, на интернет страницата се објавени и Протоколите за спроведување на мерки за заштита од коронавирусот при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, Протокол за работа на танцовите и балетските клубови, Протокол за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година , Протокол за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на коронавирусот, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.

Agria

Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

Можеби ќе ве интересира: