Еден велешанец е новозаразен со коронавиеус во последното деноноќие. Тој се инфицирал од член на неговото семејство, кој веќе го имал вирусот. Во исто време, еден велешенец ги прележал вирусот и е регистриран меѓу оздравените пациенти.
Со ова, од почетокот на епидемијата до денес во Велес се регистрирани 189 заразени, од кои 136 се излекувани, 13 починаа, а активни се 40 случаи, 28 се лекуваат дома, а 12 на инфективното одделение на велешката болница.
Општинскиот кризен штаб денеска одржа седница, на која се разгледуваше состојбата со коронавирусот во Велес. Од Здружението на приватни лекари на Македонија го информираа штабот дека општ впечаток е дека граѓаните во последно време не ја сфаќаат опасноста од заразата сериозно, па притисоците кон матичните лекари за издавање упати за специјалистички прегледи се се поголеми.
Штабот одлучи дека малото пазарче во Нова населба од безбедносни причини и понатаму да биде затворен.
“Оценивме дека состојбата е стабила, но во секој момент може да избијат кластери. Затоа, мораме да бидеме многу внимателни”, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Можеби ќе ве интересира: