Реклама

Не знаеме зошто е зголемен бројот на заразени во соседните земји за да ги затвориме границите

Srbija-granica-1200x675

Венко Филипче, денеска во Охрид кажа дека утринава разговарал со Комисијата за заразни болести околу евентуалното повторно воведување режим со границите на Косово и Србија или затворање на граничните премини со овие земји, но не прецизираше што е одлучено.

Zito akcija 640x289px

Министерот рече дека имале интензивна комуникација со здравствените власти од соседството, со цел да ја согледаат епидемиолошката слика во целиот регион. Според Филипче, ниту една одлука, ниту решение, ниту препорака на Комисијата од почетокот на коронакризата не е донесена со каква било политичка заднина, туку како што напомена секоја одлука е донесена врз основа на медицински показатели, параметри и податоци.

Agria

„Сегашната анализа ја правиме врз основа на претходни информации дека почнуваат да се преполнуваат болниците, за што немаше официјални податоци. Нема потреба, ниту нешто можеме да извлечеме од чисто споредување на бројките. Многу е важно да се знае на што се должи големиот број на новодијагностицирани. Споредувањето на бројките нема никаква логика, затоа што мора да се знае со каков принцип се пристапува кон индицикацијата за тестирање“, рече Филипче.

Филипче дополни дека во Македонија се прави широко тестирање не само на лицата со симптоми, туку и на нивните контакти, што, вели тој, на здравствените власти им овозможува на време да ги стават лицата во изолација. Голем процент од ново заразените од коронавирусо се или асимптоматски или со лесна клиничка слика, а 13 проценти од новодијагностицираните се примени во болница.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7752/eden-veleshanecz-inficziran-so-koronavirus-vo-poslednoto-denonokie/