Седум починати и 165 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа

Klinika za infektivni bolesti
Infektivna klinika Skopje naslovna

Еден велешанец е новозаразен со коронавиеус во последното деноноќие. Тој се инфицирал од член на неговото семејство, кој веќе го имал вирусот. Во исто време, еден велешенец ги прележал вирусот и е регистриран меѓу оздравените пациенти.

Во државата бројката повторно е голема, 165 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа. Повторно најмногу во Скопје 71, Тетово 20, Куманово 15, Гостивар 14, Охрид и Штип по десет, Ресен и Прилеп пет, Пробиштип четири, Битола и Струга по три, Кичево два, а по еден нов случај има во Велес, Македонски Брод и Дебар.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени, од нив двајца се велешани.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: