понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува на сила планот Б

Infektivno Stip

Пациентите од неврологија од денес се преселени на урологија. Клиничката болница од Штип го активираше планот Б, откако не помогнаа ниту дополнителните кревети на Инфективното одделение. Со тоа се добива место за уште 15-ина пациенти. Иако капацитетот е за 35, во моментот на инфективно се лекуваат 40 пациенти.

Zito akcija 640x289px

Според лекарите нема да има проблем во функционирањето и грижата за пациентите бидејќи зградата е функционална целина и до пред 10-ина години беше составен дел од инфективно. Неврологија беше преселена тука поради лошите услови и практично двете одделенија ги дели една врата.

Agria

„На инфективно веќе работат медицински сестри од други одделенија. Бројот на пациенти е голем па ќе помагаат и кардиолози, интернисти и анестезиолози. Што се однесува до клиничката слика на пациентите таа е многу променлива“, велат од Инфективно одделение Штип

За жал битката со корона вирусот ја изгуби уште еден штипјанец. Станува збор за 34 годишен маж кој поради влошената состојба беше ставен на респиратор во болницата 8-ми септември.  Не помогна ниту крвната плазма за што беше обезбеден донор. Иако бројката на излекувани неделава е поголема од бројот на новозаразени, сепак таа континуирано расте.

„Ја следиме состојбата. Во моментот имаме појава на поединечни случаи во неколку државни и општински институции, но тоа се контакти од веќе постојните кластери и нема појава на поголеми групи на заболени од вируст“,велат од Општинскиот кризен штаб на Штип

Откако корона вирусот влезе и во две фабрики во Свети Николе, од тамошниот кризен штаб најавија засилени контроли на почитување на мерките од страна на граѓаните и фирмите. Една од компаниите од прехрамбената индустрија каде имаше позитивни случаи, од вчера ги испрати вработените на двонеделен одмор.

Можеби ќе ве интересира: