Македонската полиција досега регистрирала 25 976 прекршоци за неносење маска, од кои 478 се во изминатото деноноќие, соопшти Наќе Чулев, министер за внатрешени работи.
Во последните 24 часа на 366 лица, пак, им се издадени решенија за изолација, а девет граѓани потпишале изјави за самоизолација. МВР регистрирала и дека едно лице во изминатите 24 часа ја прекршило изолацијата.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат, пак, вели Чулев, во текот на изминатото деноноќие извршени се 80 контроли при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.
Можеби ќе ве интересира: