Реклама

(ВИДЕО) Сменетата локација за брисеви ги ислаши станарите кај стариот пензионерски

brisevi penzionerski 2

Жителите од улицата „Димитар Влахов“ во Велес, кои живеат во зградите до стариот пензионерски дом, стравуваат за своето здравје, откако Центарот за јавно здравје ја смени локацијата за земање брисеви за Ковид-19. Наместо во објектот на поранешното училиште „ЈХК Џинот“, сега просторијата во која се тестираат сомнителни на коронавирус се наоѓа во близина на пешачка патека и парк, на кејот на реката Вардар, обиколена со стамбени згради.

Zito akcija 640x289px

Дел од жителите кои живеат во близина велат дека преку ден, пред објектот чекаат педесетина луѓе за тестирање, дел од нив и позитивни на вирусот, фрлаат отпадоци и плукаат, а потоа местото, без да се дезинфицира, го користат деца кои играат тука, но и млади луѓе кои навечер седат на истото место.

Agria

„Ова е парк и јавен пат. По оваа патека наутро одат луѓе кои живеат во околните згради и куќи, бидејќи им е пократок пат до пазарот и е сенка и тие се сретнуваат со оваа група која што чека, која е огромна, околу 40, 50 луѓе. Многу од граѓаните кои поминуваат се познаваат со дел од нив, па ќе застанат, разговараат. Тие луѓе, дел од нив и позитивни на вирусот, имаат огромен притисок во себе, голема мака, неизвесност, чекаат тука и тие се постојано во движење и зборуваат на телефон, на некого му објаснуваат зошто чекаат, што чекаат, па доаѓаат до нашите тераси, буквално на неколку метри од нас, така што, до пладне, додека не се заврши земањето брисеви, јас сум затворен дома, јас сум во карантин“, вели актерот Јордан Витанов, кој чија тераса од станот и прва во зградата.

brisevi penzionerski jordan vitanov

Тој раскажува дека овие денови заедно со сопругата постојано ги предупредуваат луѓето кои во попладневните и вечерните часови доаѓаат тука, да внимаваат каде седуваат и се потпираат. Дека расфрлани заштитни маски и ракавици има по тревата на ова место, се увери и нашата екипа, кога го посети местото.

„Некои луѓе тука рекреираат, особено попладне има луѓе кои ги носат своите деца да играат со топка тука во паркчето. Навечер млади парови се собираат тука. Два дена до полноќ јас и мојата сопруга ги предупредувавме да внимаваат, им кажуваме што се случува тука преку ден и дека местото е недезинфицирано. Доколку надлежните процениле дека ова е најсоодветното место, нека најдат и соодветни решенија. Нека го заградат ова и 24 часа нека го направат тампон зона и нека прават што сакаат, само да не изложуваат нас и сите граѓани на опасност да се мешаме со луѓето кои под голем стрес и мака дошле овде да се тестираат“, рече Витанов.

Од Општина Велес ветија дека уште денеска за овој проблем ќе разговараат со Центарот за јавно здравје, но и дека ќе алармираат кај полицијата, оваа локација да добие 24 часовен надзор.

„Јас ги немам овие информации, добро е што ми ги пренесовте, јас лично ќе се јавам веднаш после оваа прес конференција во МВР и во Центарот за јавно здравје да укажам дека треба да преземант малку посериозни мерки за заштита. Имав сознанија дека нешто се случува, дека таму има и луѓе кои не се од Велес, па постои можност да ја искористат приликата и да шетаат по продавници. Колку што е тоа можно во рамките на законските овластувања, надлежните државни органи да превземат мерки за да спречиме било какво пренесување на инфекцијата, иако не треба пред време да ги жигосуваме, некои од нив се сигурно позитивни, иам некои од нив и што се негативни и се разбира, тоа што го рековте за дезинфекцијата, тоа е во наша надлежност, тоа секако ќе го направиме и ќе го правиме ако треба секојдневно после завршувањето на земањето на брисовите“, рече Аце Коцевски, градоначалникот на Велес.

brisevi penzionerski 3

Од Центарот за јавно здравје Велес велат дека промената на просторот за земање брисеви за тестирање за коронавирус е направена поради тоа што во просториите на поранешното училиште „ЈХК Џинот“ се предвидени гласачки места за претстојните избори. ветија дека откако изборите ќе завршат, тие ќе се вратат таму.

„Во интерес на изборниот процес и грижата за јавното здравје на велешани, таму се одвива процес на гласање, на три избирачки места, што мора да се случи на 15 јули, годинава. ЈЗУ Центар за јавно здравје ги информира велешани дека веднаш по реализацијата на гласањето во среда, на 15 јули, годинава, ќе му биде повторно ставен на располагање овој простор за непречено одвивање на работните задачи поврзани со тестирањето на Ковид 19“, рече Анастасија Иванова, директорка на ЦЈЗ Велес.

Сепак, жителите не веруваат дека дотогаш местото ќе се одржува чисто. На Центарот и на општината им предлагаат да побараат од Министерството за труд и социјална политика согласност, да им ги отстапи просториите на дневниот центар за лица со посебни потреби, кој се наоѓа во иста зграда со Агенцијата за вработување, кој во моментов, поради кризата со коронавирусот не работи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7789/video-nenad-koczik-makedonskiot-e-oficzijalen-jazik-na-eu-toa-e-dokaz-za-ispravnite-politiki-na-nashata-vlada/