Во Велес вечерва првото „Драјв ин синема“

drive in cinema
drive in cinema

Во организација на Младинското здружение Transparent Future, со подршка на Општина Велес и спонзори, вечер во 22 часот на паркингот пред маркетот „Кид Го“, поранешен ТУШ, ќе се одржи кино – проекција на отворено, која ќе може да се проследи од автомобил. Прикажан ќе биде филмот „Судар“.

Zito akcija 640x289px

Пред проекцијата ќе настапи ДЏ Попај, а собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Agria

Како што информираат од Општина Велес, идејата за организарање на првото Drive in cinema од отворен карактер во земјава е резултат на креативноста на група млади ентузијасти, кои сакаат со иновативни идеи да придонесат за разни можности за рекреација и забава на младите, па и на повозрасните во оваа летна сезона.

Младинското здружение Transparent Future преддвидува реализирање различни настани од општествен и хуманитарен карактер за да им овозможи на младите корисно да го исполнат своето слободно време.

„За да го заштитиме јавното здравје и да покажеме свест и одговорност во овие тешки времиња, организаторите и ние како Општина, препорачуваме почитување на сите мерки пропишани од Министерството за здравство, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот“, велат од Општина Велес.

Батали.нет е медиумски покровител на овој настан.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: