Реклама

Почина академскиот сликар, велешанецот Ангел Петров

Angel PEtrov in memoriam1

Синоќа, во 87 година од животот почина академскиот сликар и професор, велешанецот Ангел Петров. Тој е еден од најзначајните современи сликари во Македонија, уметник чија животна инспирација беше Коста Солев Рацин, сликар кој наслика убедливо најмногу портрети на Рацин.

Zito akcija 640x289px

Роден e на 22.08.1933 година во Велес, Maкедонија. Средно уметничко училиште завршува во Скопје кај професорите Личеновски, Мартиновски, Коџоман и Борко Лазовски. Во втора година од ова училиште е награден како најталентиран од генерацијата. Образованието го продолжува во Белград во Академијата за применета уметност која ја завршува 1962 год. во класата на професорот Винко Грдан. Веќе во наредната 1963 год. започнува самостојно да изложува за до денес, 2020 год. има реализирано 58 самостојни ликовни изложби, од кои 47 во Македонија и 11 во странство, како и учество во повеќе од 200 групни изложувања.

Agria

Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1967 год. Негови дела се наоѓаат во многу музеи, галерии, приватни колекционери. Неговиот ликовен опус се содржи од пет ликовни фази и тоа: пејзажи, актови, коњи, портрети и велешка архитектура. Ги негува следните ликовни техники: масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техникa, успешно презентирајќи ja културата на својот град Велес и Македонија.

Ангел Петров е добитник на бројни награди, признанија и благодарници, од кои, како најзначајни се издвојуваат:

  • Награда за најдобра „мртва природа“ – 1950 година, Скопје, од Средно уметничко училиште од професорот Лазар Личеновски,
  • Орден на трудот со сребрен венец 1980 год., Белград,
  • Спомен плакета 9- ти Ноември – 1998год., Општина Велес,
  • Награда за животно дело „Гемиџии“ 2004 год., Општинa Велес,

Посмртните останки ќе бидат изложени во црквата Св. Пантелејмон Велес на 6 јули во понеделник од 11, а погребот ќе се изврши во 12 часот.

Можеби ќе ве интересира: