До крајот на годината бројот на вработени во текстилството би можел да се преполови. Заштитните маски и скафандери ги спасија фирмите од првиот удар на корона кризата, но и за нив нарачките се намалуваат. Дури и производството на заштитни униформи оди надолу, поради тоа што со месеци беа затворени хотелите и рестораните, а отпуштања има и во другите сектори. Според статистика, во Април година текстилството останало без 10 % од вработените.
“Ако нешто драстично не се случи на пазрите кои работиме, некако да се нормализира побарувачката, најверојатно со 50 проценти нарачки и со 50 проценти од вработените да работиме. Со тоа вработените во текстилните фирми ќе бидат во незавидна ситуација” вели Кирил Нашков, претставник на Кластер за текстил-Штип.
Во Европа голем број граѓански здруженија почнаа кампања за подршка бидејќи сметаат дека брендовите што сега ги намалуваат нарачките имаат одговорност кон вработените кои со години шиеле за нив. Кон иницијативата се приклучуваат и од Гласен текстилец од каде се свесни дека ќе има отпуштања, но бараат тоа да се прави со почитување на Законот за работни односи, а работниците да не бидат приморани да потпишуваат трансфер на договорите од неопределено на определено време или спогодбени откази.
“Доколку работодавачот има деловни проблеми, тоа би требало да биде отказ од деловни причини. Соодветно на тоа согласно законот за работни односи треба да биде спроведен од страна на работодавачот” вели Кристина Ампева од Гласен текстилец.
И анлализата на текстилниот кластер за ефектите од пандемијата не нуди многу оптимизам за оваа гранка, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крајот на годината. Тоа и догодина би значело помала ликвидност, а поголеми отпуштања, иако од штипските текстилци тврдат дека и покрај негативната кампања за нив, прават се да се поделат што помалку откази.
“Сите сопственици на конфекциите се борат за секо работно место. Ние бараме и под дрво и под камен нови налози и нов пазар за колку толку ги зачуваме нашите вработени. На никому не му паднало на памет да прави профит во ова време.” изјави Кирил Нашков, претставник на Кластер за текстил-Штип.
Корона вирусот веќе привремено затвори повеќе конфекции поради поголем број заразени. По Штип, од вчера на двонеделен одмор се и вработени од текстилна фабрика во Пробиштип.
Можеби ќе ве интерсира: