Здравствените власти на Јужна Африка денеска соопштија дека за првпат од почетокот на епидемијата регистрирале дневен раст од над 10 000 нови случаи на коронавирус.
Со овие податоци вкупниот број заразени лица се зголеми на 188 000, со што оваа земјата сега е далеку најзагрозена во Африка, пренесуваат американските медиуми.
На „црниот“ континет во моментов со вирусот се заразени повеќе од 450 000 лица.
Бројот на починати од Ковид-19 во Јужна Африка изнесува повеќе од 3 000.
Можеби ќе ве интересира: