Дури 90 проценти од пациентите со тешка клиничка слика за вирусот КОВИД-19 преживеале по терапија со лекови развиена од руски научници (заснована на лек кој се користи во Јапонија веќе шест години за слични болести). Научниците кои работеле во Москва под директна контрола на рускиот претседател Владимир Путин, изјавија дека се подготвени да го извезуваат лекот, што се покажа како исклучително ефикасен во борбата против коронавирусот. Ќе го добијат 50 земји, вклучувајќи ја и Србија.
Министерството за здравство на Русија и официјално го одобри авифавир, лек против корона, направен врз основа на фавипиравир, и истиот ќе се продава под трговското име арепливир (за појаснување, ова се само три различни имиња за практично иста супстанција). Првиот арепливир беше одобрен кон крајот на мај, а клиничките испитувања започнаа во април.
Деновиве пристигнаа повеќе од охрабрувачки резултати. Ќе биде ефтин. Според руските медиуми, создавањето на лек против КОВИД-19 може да се спореди само со откритието на антибиотиците кои го спасија човештвото од бактериски инфекции.
„Клиничките истражувања покажаа дека ефективноста на овој лек е 90 проценти, односно девет од десет лица со навремен третман се загарантирано да не умрат“, рече рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој ќе го дистрибуира овој лек ширум светот.
Како што дознава српски Телеграф од дипломатски извори во Москва и Белград, Србија е меѓу 50-те земји чии граѓани ќе имаат пристап до алепривир.
„Добро е познато какви се односите меѓу Србија и Русија и не треба да заборавиме на можноста да му овозможиме на Белград да испорача алепливир бесплатно или по цена на производителот“, објаснува соговорникот на српскиот медиум и додава дека, што и да се случи, Србија сигурно, со земјите од поранешниот СССР, ќе има приоритет во испораката на овој лек.
Реакцијата на Русија, веројатно не случајно, уследи по објавувањето на американските власти и Доналд Трамп дека САД купиле целосни планетарни резерви на ремдесивир, лек кој се покажа како ефикасен кај пациенти со корона.
„Руски научници и претставници на фармацевтски компании го зедоа јапонскиот лек како основа, брзо спроведоа клинички испитувања и започнаа со производство на лекови засновани на фавипиравир“, наведуваат соговорници на Србијаданас.ком од фармацевтската индустрија, објаснувајќи дека јапонската компанија „Тојама“ развила фавипиравир како лек против грип во 2002 година.
Патем, како што изјавија Русите, клиничките испитувања на лекот се целосно завршени, а резултатите се обработуваат и подготвуваат за руското Министерство за здравство. Ако сè оди според очекувањата, лекот ќе се појави во болниците на почетокот на јули, а ќе се дистрибуира низ целиот свет до есен.
Арепливир даде многу добри резултати, објавија руските истражувачи. Буквално на третиот ден, температурата на луѓето падна, симптомите на општа интоксикација брзо се намалија и нивното здравје се подобри. На десеттиот ден, обемот на оштетување на белите дробови е намален за 25-35 проценти.
Според членот на Руската академија на науките, Лариса Баликова, директорка на медицинскиот институт на Мардовскиот државен универзитет „Огаров“, еден од центрите каде се спроведуваше истражувањето, немаше никакви несакани ефекти, освен тоа што препаратот не смеат да го користат бремени жени.
„Колку побрзо се започне терапијата, толку е поголема ефикасноста и е помал ризикот од компликации“, објасни таа.
Извор: mms.mk
Можеби ќе ве интересира: