Реклама

Поради сушата намалени приносите на јачмен

Zneenje jacmen

Сушата си го зема данокот во штипско. Намалени приносите на јачмен, а ништо подобро не се очекува ниту од пченицата. Освен приносите настрада и квалитетот. Просечната цена на јачменот чија жетва привршува е 7,7 денари по килограм. Друг проблем е што поради намалувањето на сточниот фонд во државата нема и кој да го купи.

Zito akcija 640x289px

“Сточниот фонд е многу намален. Краварите го намалија фондот скоро на нула, со овците исто така, моментално само свињарскитњ фарми користат јачмен во овој момент”, вели Гоце Серафимов земјоделец.

Agria

“Тука во нашиот крај многу слабо роди јачмен, и тоа со многу слаб квалитет. Суша имаше скоро еден месец за потоа да дува многу ветар и затоа приносите се слаби”, вели Ристо Миров земјоделец.

Иако жетвата на пченицата почна нејзината производна цена не е дефинирана. Земјоделците бараат таа да биде 12 денари за килограм, но очекувањата се дека лебното жито ќе се отупува по слични цени  од лани, кога килограм пченца во зависнот од квалитетот чинеше од 9.5 до 10,5 денари.

“Меѓудругото цената на пченицата зависи и од реколтата во Србија. Најавите се дека таму годинава ќе има добар род, а имаат и залихи од лани. Тоа е добро затоа што ќе може да се набави пченица, но македонското се уште не е конкуретно со српското брашно”, велат од Асоцијацијата на земјоделци.

Засега нема одлука дали и колкави количини ќе се откупат за стоковите резерви, што може да ја зголеми откупната цена,  но недоволните количини дожд особено во штипско, осетно ќе ги намалат приносите.

“Пченицата најверојатно ќе биде полоша, и ќе се движи од 150 до 200 килограми според сознанијата што ги имаме. Дури некои и ги изораа нивите бидејќи родот беше слаб”, вели Гоце Серафимов земјоделец.

Македонија произведува приближно 240 илјади тони пченица, што не е доволно да се задоволат потребите на домашниот пазар, тоа земјава ја прави зависна од увоз во време на пандемија кога лесно се затвораат границите.