Реклама

Шилегов го победи коронавирусот и се враќа на работните обврски

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, се излекува од коронавирусот и најави враќање на работните обврски со пост на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.

Zito akcija 640x289px

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на ковид-19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме“, порача Шилегов.

Agria

Можеби ќе ве интересира: