Реклама

Откриени 211 мигранти од кои 63 деца, возачот приведен

migranti-kamion

Рекорден број мигранти во камион полицијата фати синоќа, дваесеттина минути пред полноќ, во близина на селото Стојаково. Мигрантите биле товарени во камион марка „Даф“ со скопски таблички, кој се движел по земјен пат од Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Zito akcija 640x289px

„Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П. (27) од Скопје бил приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Agria

Можеби ќе ве интересира: