Цртањето на мурал на бетонскиот ѕид на влезот во Велес, на кружниот тек под Спомен – костурницата започнаа вчера.
Четворица млади уметници, на површина од 86 метри должина и 2,5 метри висина, создаваат уметничко дело, кое ќе го разубави погледот на сите оние кои влегуваат и излегуваат од Велес.
Со цел непречено одвивање на работите, како и за безбедно одвивање на сообраќајот, од Општина Велес упатуваат апел до учесниците во сообраќајот за разбирање, внимателно управување со моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.
Во зависност од временските услови, работите на муралот е предвидено да завршат до 10 јули годинава.
Можеби ќе ве интересира: