понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Забранети летови меѓу Грција и Србија

Belgrad-Airport

Поради епидемијата во Грција и со цел да се заштитат патниците и граѓаните од пандемијата на ковид-19, Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде нови упатства (NOTAM) за вонредна забрана на летови меѓу Грција и Србија, како и забрана за влез на српски државјани заклучно со 15 јули во 23.59 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Zito akcija 640x289px

Исклучок од забраната се членови на семејствата на државјани на ЕУ, граѓани од Шенген зоната, патувања од есенцијални причини, здравствен персонал, научен персонал, државјани на трети земји кои имаат дозвола за долг престој во европска земја,студенти, транзит летови, владин, дипломатски, воен, хуманитарен персонал и сл.

Agria

Во однос на образецот „Passenger Locator Form“ (PLF)  задолжителен за сите посетители на Грција, од Агенцијата за цивилно воздухопловство соопштуваат дека од 9 јули патниците од меѓународните летови, ќе треба да го пополнат 24 часа пред чекирањето, а не 48 часа како што беше досега. ср/зш/

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8010/kovid-19-vo-srbija-izborite-povazhni-od-javnoto-zdravje/