Локалната библиотека „Гоце Делчев” и Народниот музеј од Велес од вчера повторно ги отворија вратите за корисниците и посетителите, откако Владата, донесе одлука за отпочнување со нивна работа со задолжително почитување на пропишаните протоколи.
Според протоколот за работа на библиотеките, читалните нема да работат сè до добивање на новите упатства. Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање. Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок на враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници. На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување на библиотечниот фонд. Работа со корисниците опфака враќање и позајмување на книги, обновување на членството и запишување на нови корисници.
Функционирањето на музејот, како што е наведено во протоколот за работа на музеите, дозволува на 100 м2 површина, посета до 15 посетители, а во спомен куќите на велешките великани, во зависност од квадратурата, истовремено може да биде дозволен влез на пет до шест посетители по група, по што останатите групи би ротирале.
Работното време на библиотеката и музејот ќе се одвива во една смена од 08 до 16 часот.
Можеби ќе ве интересира: