Сибирскиот Арктик бележи рекордни температури

arctic_melting_naslovna
arctic_fire

Температурите во сибирскиот Арктик достигнаа рекордни просеци во јуни, при што некои области забележуваат пораст од дури 10 целзиусови степени, според податоците на ЕУ.

Zito akcija 640x289px

Научниците велат дека топлината помогнала да се разгорат пожарите во регионот, што резултира во невидено проценето ослободување на 59 милиони тони јаглерод диоксид.

Agria

Топлото летно време не е невообичаено во Арктичкиот круг, но последниве месеци бележат ненормално високи температури. Се верува дека Арктикот се затоплува двојно побрзо од глобалниот просек.

Карло Буонтемпо, директор на програмата за набљудување на земјата на Европската унија кој што работи во службата за климатски промени во Коперник, рече дека овој тренд е „загрижувачки“.

Научниците од Коперник велат дека регионот забележа просечен пораст од 5 степени целзиусови. Тоа е повеќе од еден степен повисоко споредено со претходните два најтопли месеци во 2018 и 2019 година.

Еден сибирски град (Verkhoyansk) на 20 јуни достигна 38 степени целзиусови, што е 18 степени повеќе од просечната максимална дневна температура за овој месец.

Во меѓувреме, околу 246 пожари што опфаќаат повеќе од 1.400 квадратни километри беа регистрирани во регионот до 6 јули, според руската агенција за шумарство.

Двете изданија се поврзани, според Марк Парингтон, научник во Коперник. „Повисоките температури и посушните површини овозможуваат идеални услови овие пожари да изгорат и да траат долго на толку голема област“, во неговата изјава за новинската агенција Ројтерс.

Извор: bbc.com

Мжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: