Реклама

Двајца велешани заразени со коронавирусот во последните 24 часа

Policiski-cas 997x485

Два нови случи на заразени од Ковид-19 во Велес во последното деноноќие регистрира Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

120 нови случаи на ковид-19 во изминативе 24 часа од направени 1367 тестирања. Во Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.

Agria

Оздравени се 125 лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.

Во Велес бројката на активни случаи во моментов е 44 лица.

Можеби ќе ве интересира: