понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Машки труп пронајден во Вардар кај фабриката ХИВ

trup vo Vardar

Машки труп попладнево е пронајден во водите на реката Вардар, во близина на поранешната фабрика за вештачко ѓубре ХИВ, во близина на Градско.

Zito akcija 640x289px

Трупот го забележал рибар, кој попладнево, нешто после 14 часот, ја алармирал полицијата. На местото стигнала и екипа од велешката противпожарна единица, која го извлекла трупот. Според наши извори, тој бил закачен за гранки, на непристапно место во реката, па пожарникарите морале да ги сечат, па заедно со нив, да го извадат телото.

Agria

На местото на настанот пристигна и увидна екипа на крим-техника. Засега телото се уште не е идентификувано. Пред два месеци исчезна 30-годишниот Ибрахим Мемедов од Велес и тој се уште се води за исчезнат.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8040/na-sloboda-dvajczata-shtipjani-shto-pretepaa-devojka/