понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

СЗО: Коронавирусот се шири преку воздух

Koronavirus lugje so maski

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се појавуваат докази за ширење на коронавирусот преку воздух, предупредувајќи дека „епидемијата се забрзува во светот“.

Zito akcija 640x289px

„Не треба да ја исклучуваме можноста за пренесување на вирусот преку воздух на јавни места, особено каде што има многу луѓе. Ние сè уште треба да ги собереме и да ги разгледаме доказите“, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранци, препорачувајќи проветрување на затворените места и одржување физичко растојание.

Agria

„Кога тоа не е можно, тогаш препорачуваме да носите заштитна маска“, додаде таа.

Меѓународна група од 239 научници во понеделникот ги повика СЗО и другите надлежни да признаат дека коронавирусот може да се шири во воздухот и повеќе од два метри и соодветно на тоа да ги сменат препораките за заштита од вирусот.

Во писмото објавено во научниот магазин „Clinical infectious diseases“, авторите наведоа дека истражувањата покажале дека нема никаков сомнеж дека вирусите можат да патуваат низ воздухот десетина метри и дека анализите покажале дека истото важи и за новиот коронавирус.

Од своја страна, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека епидемијата продолжува да се шири и сè уште не го достигнала својот врв. „Иако се чини дека бројот на починати се стабилизира на глобално ниво, некои земји постигнаа голем напредок во намалувањето на бројот, додека во други земји бројот продолжува да расте“, рече Гебејезус, додавајќи дека 11,4 милиони луѓе ширум светот се заразени и оти повеќе од 535,000 луѓе починале за шест месеци.

„Иако се чини дека бројот на починати се стабилизира на глобално ниво, некои земји постигнаа голем напредок во намалувањето на бројот, додека во други земји бројот продолжува да расте“, рече Гебејезус, додавајќи дека 11,4 милиони луѓе ширум светот се заразени и оти повеќе од 535,000 луѓе починале за шест месеци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8068/video-tenzichna-nok-vo-belgrad-policzijata-gi-rastera-demonstrantite/