Ибрахимовиќ по неверојатниот пресврт против Јувентус: Ако бев тука од почетокот…

ibra-kiki
ibra-kiki

Јувентус пропушти голема шанса да отиде на плус десет бода на првенствената табела и практично да го реши прашањето околу титулата во Серија А, а што е уште потрагично, до такво сценарио дојде откако имаше водство од 0:2 на гостувањето на „Сан Сиро“.

Zito akcija 640x289px

По 60 минути игра се изгледаше перфектно за избраниците на Сари и големите фанови на Јувентус, но набрзо водството од 0:2 се претвори во ноќен кошмар, бидејќи гостите од Торино во период од 18 минути примија дури четири гола.

Agria

Се започна со голот од пенал на Ибрахимовиќ, Кеси израмин на 2:2, а шест минути по воведниот гол на домаќините веќе беше 3:2 со погодокот на Леао. Во 80-та минута, Анте Ребиќ ја искористи големата грешка и зголеми на 4:2 и на тој начин беше само потврден неверојатниот пресврт во лудото дерби во Милано.

По средбата, своја изјава даде Златан Ибрахимовиќ кој не пропушти шанса да излезе со став во свој стил, но даде и доста ироничен коментар за турбулентната ситуација во клубот со најавената промена на тренерот и директорот Малдини.

„Јас сум веќе стар, тоа не е тајна. Но годините се само бројка. Работам добро, одржувам добар баланс и се чувствувам добро. Јас сум претседател, играч и тренер во исто време. Единствено негативно е што во овој момент сум платен само како играч. Ако бев тука од првиот ден во сезоната, тогаш ќе го освоевме Скудетото“, порача Ибра во свој стил, запрашан дали се гледа и како тренер откако по измената, постојано даваше инструкции од клупата.

Во продолжение од интервјуто, Швеѓанецот беше запрашан дали ги игра последните натпревари за Милан, а неговиот одговор дефинитивно оди во тој контекст.

„Ќе видиме, имам уште еден месец за уживање, но сега се соочуваме со чудна ситуација и не сме во контрола да кажуваме што ќе следи. Не знам дали фановите веќе ме видоа за последен пат во живо на овој стадион. Можно е да е така. Ви оставам да читате меѓу редови, чудно е да се игра без публика, денеска ќе беше навистина убава ноќ ако беше полн стадионот“, изјави Златан.

Извор: derbi.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: