Реклама

Две текстилни конфекции денес ги затворија погоните

testiranje-2

Скринингот на 210 вработени во светиниколска „Мода“ откри нови 19 текстилни работнички позитивни на корона вирус. Со тоа бројот на заболени во оваа фабрика се искачи на 35.

Zito akcija 640x289px

Од денес нејзините и погоните на компанијата „Кемтекс“ со која делат ист простор и кујна се затворени. Државнииот  здравствен и санитарен инспекторат е во вонредна контрола, дали се почитуваат здравствените протоколи. Во понеделник ќе се тестираат сите 830 вработени од двете фабрики. 

Agria

Менаџменот вели дека тестирањето и овој пат ќе биде приватно бидејќи чекањето на резултати со закажување преку матичните лекари  трае предолго.

„По добивањето на резултатите, втората смена не дојде на работа. Во понеделник ќе се тестираат сите вработени кои не беа опфатени од првиот скрининг. И овој пат ќе се тестираат приватно. Иако сумата што треба да ја платиме не е мала, околу 20.000 евра, сепак резултатите ќе ги добиеме многу побрзо и ќе знаеме дали и кога ќе може да се отпочне со производниот процес“, вели Ангел Димитров, прв човек на „Мода“ АД Свети Николе

А Свети Николе денес бележи  рекорден број заболени- вкупно 28. Претходно привремено беше затворена и фабрика од прехрамбената индустрија. Според информациите од Општинскиот кризен штаб, првите случаи што се појавија во оваа општина се поврзани со вработени во штипските конфекции.

„ Почитувањето на здравствените мерки, носење маска и растојание надвор и на работа е клучно да се запре ширењето на вирусот, бидејќи во Свети Николе состојбата е загрижувачка“ е ставот на градоначалникот Сашо Велковски.

Инаку во источниот регион континуирано расте бројот на новозаболени од корона вирусот. Добра вест е дека на штипско инфективно се намалил бројот на пациенти на кислородна подршка. Инаку на ова одделение се лекуваат 46 пациенти од повеќе општини од источниот регион.

Можеби ќе ве интересира: