Реклама

ЌЕ ТРЕБА МНОГУ РАБОТА ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ КОШАРКАРИ ВО ЈУТА ЏЕЗ ДА ГИ ПОПРАВАТ СВОИТЕ ОДНОСИ

НБА лигата нема да игра најмалку 30 дена, потврди комесарот на НБА, Адам Силвер. НБА ги прекина натпреварите, откако беше откриено дека Руди Гоберт, центар во Јута џез, бил заразен со коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Веднаш беше тестиран целиот тим наЈута Џез, а покрај Гоберт беше заразен и неговиот соиграч Донован Мичел. Другите членови на франшизата немаат коронавирус.

Agria

Сепак, многумина се фрустрирани со Руди Гоберт затоа што Французинот покажал многу неодговорно однесување во деновите пред да му биде дијагностициран вирусот . Тој на шега ги допирал сите микрофони на репортерите, а најпознатиот инсајдер во НБА, Адријан Војнаровски, објави дека истото го правел и во соблекувалната на тимот, допирајќи до соиграчите и нивните работи.

Гоберт се извини и се изјасни за виновен, но Војнеровски сега тврди дека односот со соиграчите допрва треба да се подобри.

“Тимот на Јута Џез има среќа да не мора да игра натпревари во овој момент. Потребно е многу работа за да се поправи врската, не само помеѓу Гоберт и Мичел, туку и другите играчи со Гоберт“, објасни Вој за ЕСПН.