Момче на возраст од 28 години се удави попладнево во водите на велешкото езеро „Младост. Несреќата се случи околу 15:30 часот, кога момчето кое било од Скопје, заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.
Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.
„Денес околу 15.30 часот пријавено е дека во водите на езеро „Младост“, М. С. роден 1992 година од Скопје се удавил. Телото е извадено. Се врши увид на местото на несреќата“, соопшти МВР.
Пожарникарите го пронајдоа телото нешто пред 17 часот. Лекар од велешката брза помош констатираше смрт. На местото е присутен и јавен обвинител, кој треба да одлучи дали ќе издаде наредба за обдукција на телото на удавеното момче.
Можеби ќе ве интересира: