Во Албанија расте бројот на новозаразени, оздравени и починати лица од коронавирус

albania_ministry_health
Albania_ambulance

Во Албанија продолжува сериозната состојба со Ковид-19, откако и во последното деноноќие е регистрана висока двоцифрена бројка на новозаразени и четворица починати, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Zito akcija 640x289px

Од извршените 420 тестови, позитвен резултат е добиен кај 83 од нив, со што вкупната бројка се зголеми на 3.454 лица. Високите двоцифрени бројки се присутни во период од еден месец, но во последно време се намалува старосната граница на зарзените и се побројни се млади лица, се наведува во соопштението.

Agria

Во последните 24 часа излекувани се 65 граѓани или вкупно 1.946, додека починале четворица со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 93. Во Албанија има 1.415 активни случаи.

Во Албанија чиј капацтет е до 500 тестови дневно, до сега се извршени 32.353 тестови, а поради се посериозната состојба со опасниот вирус треба да почне со работа нова лабораторија.

Комитетот на експерти за справување со пандемијата и предложи на Владата да се воведе задолжително носење заштитна маска и парична казна за непочитување на мерката, а се размислува да се врати полицскиот час за време на викенд.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: