понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Тројца велешани нападнале сограѓанин на градскиот базен

tepacki_grupni

Велешанец на возраст од 23 години бил нападнат од тројца негови сограѓани на градскиот базен, ноќта помеѓу саботата и неделата. Според нападнатиот со иницијали Д.Н., околу полноќ бил нападнат од 48-годишниот И.П. и неговиот 19 -годишен син М.П., а потоа го нападнал и 41-годишниот Т.Ш.

Zito akcija 640x289px

„На 12.07.2020 во 13.30 часот во Полициската станица Велес, Д.Н. (23) од Велес пријавил дека на 11.07.2020 околу 24:00 часот на Градскиот базен физички бил нападнат од И.П. (48) и неговиот син М.П. (19), а после нив го нападнал и Т.Ш. (41)“, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Agria

Тепачка избила вчера и во близина на населбата Порцеланка, кога 26-годишнен велешанец пријавил дека го нападнал човек, повозрасен од него.

„На 12.07.2020 околу 19:40 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Чашка, во близина на нас. Порцеланка, Р.Д. (26) од Велес бил физички нападнат од едно лице на возраст од 35-40 години“, соопшти СВР Велес.

По целосно документирање, ќе бидат поднесени соодветни пријави и за двата случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8346/veleshanecz-zarazen-so-koronavirus-novi-88-sluchai-vo-zemjava-trojcza-pochinaa/