![Veleska bolnica 997x485](https://i0.wp.com/batali.net/wp-content/uploads/veleska-bolnica-997x485-1.jpg?resize=618%2C301&ssl=1)
Велес е еден од 16-те градови во земјава, во кои ќе се формираат Ковид – центри, со цел да се подготви здравствениот систем за одговор на очекуваниот есенски бран на зараза со новиот коронавирус, а од друга страна да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.
Подготовките веќе се започнати, во петокот од Министерството за здравство одржале видео – состанок со градоначалниците, а утре заедно со Комисијата за заразни болести ќе имаат состанок и со директорите на болниците.
Станува збор за градови каде веќе постојат општи болници и здравствени домови. Освен Велес, ковид – центри ќе добијат и Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.
Станува збор за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри, велат од Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека градоначалниците се согласиле на ваквиот пристап за координација и изразиле подготвеност во рамки на своите надлежности, да ги стават на располагање сите капацитети.
На утрешниот состанок со директорите на болниците, пак, ќе се разговара за здравствените капацитети и техничките потреби.
Извор: libertas.mk
Можеби ќе ве интересира: