понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Маските треба да се носат во климатизирани канцеларии, велат швајцарските експерти

office_masks

Голем дел од работната сила во Швајцарија се префрли од домашна работа во канцеларија, вработените може да бидат изложени на ризик и да бидат заразени со вирусот „Ковид-19“, велат здравствените експерти од Швајцарија.

Zito akcija 640x289px

Според Кристијан Гарзони, специјалист за заразни болести и член на комисијата за подготовка и управување со пандемии, системите за климатизација го шират вирусот со движење на воздухот низ просторијата бидејќи тие го рециклираат воздухот, наместо да го заменат. Дури и социјалното растојание од 1,5 метри не би го спречило преносот.

Agria

„Ако некој седи три метри од мене, климатизацијата може да го транспортира облакот од честички до мојот работен простор“, рече тој. Исто така додаде дека кога некое лице заразено со коронавирус зборува, кашла или кива, тоа лице произведува микро бактерии до оддалеченост од осум метри. Овој контаминиран „облак“ може да остане во воздухот неколку минути.

Неговата експертска група открила дека додека зборувала една минута, заразеното лице може да шири околу 1.000 загадени капки низ воздухот, што може да остане во воздухот до осум минути.

„Студиите покажуваат дека коронавирусот може да се пренесе преку аеросоли, особено во слабо вентилирани простории“, посочи Гарзони.

За да се спречи, или барем да се намали заразата преку воздухот, Гарзони рече дека маски треба да се носат во слабо вентилирани, затворени простори.

Од таа причина, „неопходно е да се носи маска во канцеларија“, додаде тој.

Маските во моментот се задолжителни за целиот јавен превоз во Швајцарија, како и за сите летови на SWISS. Минатата недела кантоните на Базел, Аргау и Солотурн ги направија задолжителни во сите ноќни клубови.

Извор: thelocal.ch

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8341/franczuski-epidemolog-ochekuva-delotvorna-vakczina-protiv-kovid-19-najrano-vo-2022-godina/